За нас

За Младински културен центар — МКЦ Скопје

МКЦ е основан во 1972 година како „Дом на млади – 25 Мај“ и од тогаш непрекинато работи за промоција на младинска култура, уметнички вредности и едукација. 

По осамостојувањето на Република Северна Македонија, институцијата продолжи да ја развива својата мисија како место за слободно творештво и размена на идеи.

Мисија и визија

Мисија: Да продуцираме, стимулираме и промовираме современи културни настани и да поврзуваме млади креативци од домашната и меѓународната сцена.


Визија: Скопје да има жив, отворен и инклузивен културен центар каде младите експериментираат, учат и ги презентираат своите дела.

Главни активности

Годишна програма

Повеќе од 200 настани: изложби, претстави, концерти, проекции, работилници.

Фестивали

МОТ (меѓународен театарски фестивал), Синедејс (фестивал на европски филм), Здраво млади (нова музика).

Поддршка за НВО и поединци

Tехнички простор, координативна и финансиска помош, менторство.

Едукација

јавни предавања, работилници, дебати и дебатни клубови

Контакт

Имате прашање или сакате да соработувате? Контактирајте не.